Голманот на Вардар, Мартин Томовски, по три сезони во „црвено-црниот“ тим, се враќа таму од каде што дојде во двократниот европски првак – во Бундес лигата. Според информациите на 24Ракомет, Томовски ќе ја чува мрежата на тимот на Постдам, кој сезонава оствари историски пласман од Втората во Првата Бундес лига.
Уште пред неколку денови 24Ракомет објави дека Мартин Томовски нема да остане во Вардар и дека заминува за Германија. Повеќекратниот македонски првак и двоен европски шампион, сакаше да го задржи Томовски, нудејќи му богат договор, но желбата на репрезентативниот голман била да замине на печалба, но само во Бундес лигата како единствено место каде би играл.
Ова е камбек за Томовски во Германија, каде ги бранеше боите на тимот на Лудвигсхафен две сезони.
Постдам е филијала на Фуксе Берлин, кој се бори за титулата во најсилната лига на светот. Таму тренер е Боб Хенинг, но тој заминува на крај од сезонава. Негов наследник е Емир Куртагиќ кој моментално е селектор на репрезентацијата до 18/19 години на Германија. Тој ќе ја предводи репрезентацијата до 18 години на Германија на Европското првенство во Црна Гора летово.
Во текот на изминатите три години, Ханинг ги постави темелите за успешната приказна на најмладиот тим во втората ракометна Бундес лига со Потсдам, водејќи ги од Третата лига во Втората лига и со домашната победа викендот обезбеди промоција во елитата. Ханинг беше тренер во Потсдам, и извршен директор на Фуксе Берлин, но сака целосно да се концентрира на својата работа со овој тим во иднина, но ќе остане во Потсдам како спортски директор.