Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ја очекува тежок предизвик за обезбедување виза на Мундијалот 2025.
Селекторот Кире Лазаров за денешниот натпревар ги одреди 16-те играчи и одлучи да направи две промени во однос на одиграниот натпревар во Торшавн.
Во составот нема да биде Дамјан Митев, а во комбинација влегува Мартин Карапалевски, кој не беше на терен на првиот натпревар во Торшавн. Нема да игра ниту Цветан Кузманоски, а во состав е Иван Џонов.
Во Скопје ќе гостува незгодната репрезентација на Фарски Острови и „црвено-жолтите“ ќе мора да ја надоместат високата негатива од првиот натпревар.
Фарски Острови на првиот меч триумфираше со седум гола разлика, 34:27. Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот.