Македонија брка седум гола негатива за пласман на СП 2025

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска против Фарски Острови ќе го одигра реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство 2025.

Избраниците на Кире Лазаров на првиот натпревар, кој беше одигран на островската земја, беа поразени со седум гола разлика, 34:27.

Македонија доколку посакува ново учество на Мундијалите, односно продолжување на континуитетот со настапи на големите натпреварувања, ќе мора да ја надомести високата негатива.

Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот.

По завршувањето на дуелот во СЦ „Борис Трајковски“, познати ќе бидат сите патници на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска.

Распоред на денешните дуели од баражите за пласман на СП:
16:00 АВСТРИЈА – ГРУЗИЈА
16:00 ХОЛАНДИЈА – ГРЦИЈА
16:00 ШВАЈЦАРИЈА – СЛОВЕНИЈА
16:30 ЧЕШКА – РОМАНИЈА
17:00 БИХ – ПОРТУГАЛИЈА
17:00 СРБИЈА – ШПАНИЈА
17:15 УНГАРИЈА – ЛИТВАНИЈА
17:30 ЦРНА ГОРА – ИТАЛИЈА
17:30 СЛОВАЧКА – ПОЛСКА
19:00 МАКЕДОНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ