Левиот бек Оливие Њокас ќе има нов предизвик во богатата кариера по настапите во многу квалитетни лиги.
Едниот од браќата близнаци, кои една сезона беа дел од Вардар, иако дојдоа во Македонија да играат за Металург, се пресели во тимот на Парнасос Строволу.
Овој кипарски тим игра финална серија до пет победи со Анортозис Фамагуста, а во моментов е 3-2 во победи за тимот на Строволу.
Оливие Њокас играше за Понто Комбо, Кретеј, ПСЖ и Нант во Франција, а има настапи и за шпанскиот Алкобендас и германскиот Балинген.
По заминувањето од Македонија една сезона беше дел од Ал Наџма од Бахреин и една сезона играше во грчкиот Олимпијакос.