Илиќ на излезна врата од Веспрем

Веспрем оваа сезона беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а прв на удар на навивачите е тренерот Момир Илиќ.

По поразот од Алборг во Данска, раководството на унгарскиот клуб застана во одбрана на стручниот штаб, но не е познато дали ќе биде продолжена соработката.

„За мојата иднина одлучува раководството на клубот“, кажа Илиќ на пресот после мечот со Алборг.

Навивачите на Веспрем најавија протести пред клубот за да не се продолжува соработката со стручниот штаб и јасно ставија до знаење дека сакаат нови лица во клубот.