Лазаревски: Сакаме пласман на СП за да го задржиме континуитетот на големите натпреварувања

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги стартува подготовките за бараж двомечот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025.

Кружниот напаѓач Милан Лазаревски, кој игра во одлична форма на клупски ниво, смета дека главен адут на Македонија во баражот со Фарски Острови би требало да биде одбраната.

,,Секој ривал кој што ќе ни се паднеше во ждрепката ќе беше исто, ние сонуваме за пласман на СП, со цел да го задржиме тој континуитет на учества на големите натпреварувања и тоа ќе биде главниот пристап на овој двомеч. Репрезентацијата на Фарски Острови има одлични технички играчи, брзи, полетни, можеби со помала конституција, па тука го гледам нашиот адут. Почнуваме со анализа од денеска и ги знаеме нашите шанси”, изјави Лазаревски.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови се игра на 8 мај во Торшавн од 20:00 часот, додека реваншот е на 12 мај во Скопје од 19:00 часот.

Победникот од двомечот ќе се пласира на СП 2025 што ќе се игра во три држави –  Данска, Норвешка и Хрватска.

Томовски: Ќе биде пеколно тешко на баражот за СП

 

Лазаров: Имаме респект кон Фарски Острови, но се почитуваме и себе си!

Митев: Клучно во баражот со Фарски Острови ќе биде одбраната

 

Сениорите од денеска на собир, ќе се комплетираат за неколку дена