Martin TOMOVSKI, North Macedonia vs Switzerland, Men's EHF EURO 2024 Germany, Berlin, Germany, 16.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Томовски: Ќе биде пеколно тешко на баражот за СП

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги стартува подготовките за бараж двомечот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025.

Голманот Мартин Томовски ги истакна своите очекувања за бараж дуелот со незгодниот ривал.

,,Можеби името и традицијата велат дека не се атрактивни, но знаеме со што располагаат, дефинитивно ќе биде пеколно тешко против нив. Најважно е што здравствениот билет е одличен и сите ракометари ќе бидат подготвени да одговорат на барањата на селекторот и се надевам дека ќе имаме успешен настап и ќе се пласираме на Мундијалот. Тие играат брз ракомет, таа игра ни е познати, сме имале многу ривали од тој тип и ќе мора да одговориме на нивната брза транзиција. Главени адути им се Оли Митун, Хакун Вест Ав Тејгум и Елиас Елефсен а Скипаготу, но и останатите играчи се со добар квалитет, играат во доста добри лиги. Верувам дека со одлична одбрана може да се радуваме на победа”, изјави Томовски.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови се игра на 8 мај во Торшавн од 20:00 часот, додека реваншот е на 12 мај во Скопје од 19:00 часот.

Победникот од двомечот ќе се пласира на СП 2025 што ќе се игра во три држави –  Данска, Норвешка и Хрватска. Доколку Македонија се пласира на ова СП, повеќе од веројатно е дека групната фаза ќе ја игра во некој хрватски град.

Лазаров: Имаме респект кон Фарски Острови, но се почитуваме и себе си!

 

Лазаров повика нов играч за баражот со Фарски Острови

 

Митев: Клучно во баражот со Фарски Острови ќе биде одбраната

 

Сениорите од денеска на собир, ќе се комплетираат за неколку дена