Македонскиот шампион Ѓорче Петров забележа уште една победа во Женската лига, откако славеше против Гевгелија со 51-17.
Сега Ѓорче Петров има 67 бодови на првото место на табелата и веќе во следното коло ако победи ќе може да ја слави новата титула во Македонија.
Победникот беше решен уште во првиот дел, кога избраничките на Симе Симовски направија висока залиха, 31-10.
Второто полувреме беше само формално одработено и сите ракометарки се запишаа во листата на стрелци.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Коларовска со десет, како и Алмеида и Алвес со по седум, додека Динева даде девет за Гевгелија.