Еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот, Арпад Штербик, доживеал срцев удар.
Тренерот на голманите во унгарскиот гигант Веспрем, вчера во раните утрински часови се почувствувал лошо, заминал во болница, а таму било потврдено дека имал срцев удар.
Веспрем објави соопштение на клупскиот веб-сајт дека благодарение на лекарите и на нивната интервенција, Штербик денеска е подобар, и дека најверојатно утре ќе биде пуштен од болница.
Штербик четири сезони беше дел од Вардар, од 2014 до 2018 година, а беше дел од историската прва титула во Лигата на шампионите, пред да замине во Веспрем, каде ја заврши кариерата и работи како тренер на голманите.