Светстката ракометна федерација ги објави официјалните лица за Светското првенство за младинки што ќе се игра во Македонија.
Меѓу 16 судиски парови ќе бидат и македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски, кои ќе имаат нов предизвик во меѓународната кариера.
На натпреварите во Македонија ќе судат и уште шест други парови, кои се кандидати за добивање на ИХФ значка.
Светското првенство за младинки ќе се игра во три сали во Скопје од 19 до 30 јуни оваа година, а Македонија е во група со Исланд, САД и Ангола.