Екипата на Јагодина, во која настапува екс членката на Вардар, Сара Стефаноска, не успеа да избори пласман во финалето од српскиот шампионат.
Јагодина за ривал во полуфиналето од плеј-офот го имаше тимот на Железничар од Инџија и минимално ги загуби двата натпревари.
Клубот на Стефаноска на првиот дуел доживеа пораз од 21:20, додека на вториот резултатот беше 22:21.
Левиот бек имаше одлична партија на вториот дуел и во мрежата на домаќинките постигна девет погодоци.
Јагодина во ланската сезона успеа да ја врати титулата во свои раце, но во оваа сезона немаше многу среќа во полуфиналниот двобој со Железничар.