Екипата на Македонија ЃП дојде до втората победа во прволигашкиот плеј-оф, откако на гостувањето кај Шампион славеше со 37:31.
Шампион во вториот дел од сезоната сѐ уште нема освоено ни бод, додека Македонија ЃП со вториот триумф има шанси да дојде до 6. позиција.
Гостите од Ѓорче Петров во најголемиот дел од мечот беа во предност, домашниот тим четири пати во воведниот дел го изедначуваше резултатот, но потоа сѐ мина во знакот на гостинскиот состав.
Македонија ЃП на полувреме имаше предност од 19:16 и разликата од три гола не само што ја сочува, туку успеа осетно да ја зголеми во вторите 30 минути, водеше со девет позитива, но на крај домаќините успеаја да се изборат за поблаг пораз.
Предводничката екипа беше предводена од Максимилијан Ѓиноски, кој имаше десет успешни реализации. Во поразениот табор се истакна Филип Спирковски со девет погодоци.