Ракометната федерација на Македонија (РФМ) по барање на клубовите одлучи да ги промени термините за Ф4 турнирот во Купот.
Завршницата на најдобрите четири екипи требаше да стартува на 17 мај, но ракометната куќа на Македонија во разговор со учесниците реши стартот да биде еден ден порано.
Полуфиналината во машка и женска конкуренција ќе се одиграат на 16 и 17 мај, додека финалните дуели на 19 мај.
Тоа значи дека некои тимови ќе имаат два слободни дена, односно доволно време на располагање за финалето.
Актуелен бранител на титулата кај мажите е Вардар, додека кај дамите тимот на Куманово.
Сите шест натпревари од Купот на Македонија ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.
Куп на Македонија, жени/мажи, распоред на натпревари:
16 мај
17:00, Куманово – Ѓорче Петров, жени, полуфинале
19:30, Алкалоид – Вардар, мажи, полуфинале
17 мај
17:00, Вардар – Чаир, жени, полуфинале
19:30, Тиквеш – Еурофарм Пелистер, мажи, полуфинале
19 мај
16:00, жени, финале
19:00, мажи, финале