Ракометарите на Струга во натпревар од 11. коло од суперлигашкиот плеј-оф беа поразени од Вардар со 36:15.
Стружани во првиот дел на моменти беа достоен ривал, потоа до одраз дојде квалитетот меѓу двете екипи, па така „црвено-црните“ лесно дојдоа до победа.
Десниот бек на Струга, Мерис Бошњак, кој беше најефикасен на натпреварот со седум погодоци, го анализираше поразот од вардарци.
,,Не треба да трошиме многу зборови за тимот против кој игравме, како и за самиот натпревар, бидејќи Вардар едноставно денеска покажа зошто е фаворит, ние веќе со овој краток ростер, плус со повредите на некои клучни играчи, едноставно не можевме да парираме, но среќен сум за нашите деца кои играа со срце и покажаа дека ќе бидат големи играчи, му честитам на Вардар за фер и коректната игра, а ние веќе сме фокусирани за претстојниот натпревар со Бутел, се надевам дека ќе се комплетираме што побрзо и ќе одиграме до крај со целиот ростер”, изјави Бошњак.
Избраниците на Наум Танески во следното коло ќе гостуваат кај тимот на Бутел Скопје.