Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за полуфиналните парови во Купот на Македонија.
Бранителот на трофејот во женска конкуренција, Куманово, ќе игра против Ѓорче Петров во првиот полуфинален двобој.
Тимот на Вардар во второто полуфинале ќе се сретне со екипата на Чаир, која годинава се врати меѓу најдобрите четири во Купот.
Завршниот турнир во Купот на Македонија на најдобрите четири екипи ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 17 до 19 мај.