Голманката на Вардар, Андреа Илиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 20. коло во Женската лига.
Илиќ во претходното коло блескаше на дербито со Куманово, имаше вкупно 14 одбранети удари и беше најзаслужна за убедливиот триумф против вицепрвакот.
Вардарката немаше голема конкуренција на гласањето, доби околу 61% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Мендувие Далипоска со 24%.
Во конкуренција за ѕвезда на 20. коло беше и членката на актуелниот шампион Ѓорче Петров, Марија Јанкуловска.