Најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија уште потврда за својот квалитет, кој е признат насекаде.
По четврти пат во богатата кариера ќе судат на најголемиот спортски настан – Олимписките игри, кои ова лето ќе се одржат во Париз.
Македонците претходно судеа на Олипијадите во Лондон во 2012, Рио де Жанеиро во 2016 година и во Токио во 2021 година.
Покрај Начевски и Николов, правдата на ракометните натпревари на ОИ во Париз ќе ја делат уште 15 двојки од Европа и светот.