Екипата на Спартак во натпревар од 20. коло од Женската лига славеше на гостувањето кај Овче Поле СУ со 32:25 (19:16).
Спартак со денешната освоена победа остана во игра за повисок пласман на табелата, моментално се наоѓа на 10. позиција со 19 бодови.
Избраничките на Мицевски до трите бодови дојдоа со одличната игра во вториот дел, во кој домаќинките влегоа во уште поголема негатива и немаа решение како даго запрат налетот на гостинките.
Предводничката екипа беше предводена од Мила Мемов, која постигна осум погодоци, додека кај Овче Поле СУ се истакна Анастасија Сентовска со 11 реализации.