Екипата на Ваљадолид, во која настапуваат двајцата интернционалци од Македонија, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, во 26. коло од Асобал лигата доживеа пораз од Анаитасуна од четири гола разлика, 39:35.
Анаитасуна успеа да ја прекине победничката серија на тимот предводен од екс тренерот на Вардар, Давид Писонеро. Ваљадолид во претходните три кола ги освојуваше бодовите, но денес немаше сили да дојде до четврта победа во низа.
Димитриоски и Димитриевски беа меѓу најдобрите стрелци во тимот на Ваљадолид, но нивните погодоци не беа доволни за поволен резултат на составот на Писонеро. Левиот бек Димитриевски постигна пет погодоци, додека левото крило Димитриоски имаше четири реализации.
Ваљадолид по 26 одиграни кола се наоѓа на 8. позиција со 25 бодови, но и понатаму останува во игра за повисок пласман во Асобал лигата. Тимот на Писонеро во следното коло на свој терен ќе го пречека Гранољерс.