Анчева погоди 16 пати, но Пелистер победнички се враќа од Штип

Тимот на Пелистер славеше на гостувањето кај Астибо во Штип со убедливи 35-22 во натпревар од 20 коло во Женската лига.

Иако за домаќинките Марија Анчева погоди 16 пати, сепак немаше голема поддршка од колешките и битолчанки лесно ги освоија трите бода.

Поведоа со 5-0, па со 7-1 и тука веќе беше јасно кој тим ќе ја однесе победата. До паузата избраничките на Адријано Котевски стигнаа до плус девет, 17-8.

Во второто полувреме следуваше само рутинско одработување на задачата, минутажа за сите ракометарки и лесна потврда на триумфот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Моника Босилковска со осум и Наталија Дишковска со седум погодоци.

Во следната рунда Пелистер е домаќин на Вардар, а Астибо гостува кај Стружанка.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080