Како и целокупниот женски спорт во државата, така и кај ракометарките е воочлива разликата во однос на вложувањата и интересот кој бизнис-заедницата го покажува за нив во споредба со мажите.
Поранешниот селектор и актуелен тренер на ЖРК Ѓорче Петров, Симе Симовски верува дека главната причина за тоа е отсуство на национална стратегија.
„Во женскиот ракомет или спорт општо, и порано, и сега многу малку се вложува. Жал ми е поради тоа, има многу влијателни луѓе во Македонија кои тоа треба да го препознаат. Многу малку треба за да се покрене женскиот ракомет иако капацитетот ни е помал. Можеби е тоа така затоа што со женскиот ракомет побрзо се стигнува до успех отколку машкиот. Побрзо созреваат, побрзо растат, но и побрзо се ништат. Пократок е векот на жените. Немаме национална стратегија. Имав и едно такво предавање за неопходност на национална стратегија, но и ден денеска тоа е само на зборови, никој не ја покренува таа иницијатива. Ова е проблем не само во ракометот туку во комплетниот женски спорт во Македонија, немаме стратегија.“
Подолу прочитајте го целиот разговор со тренерот на ЖРК Ѓорче Петров…
ИНТЕРВЈУ СИМЕ СИМОВСКИ: Сакам со Ѓорче Петров нешто да докажам и на себе и на другите!