Селекторот на Фарски Острови, Петар Ларсен го објави скратениот список на ракометари на кои ќе смета за бараж двомечот против Македонија за пласман на СП 2025.
Тука се двете трите најголеми ѕвезди – Елијас Елефсен а Скипаготу од Кил, Оли Митун од Савехоф и Хакун Вест ав Теигум од Фуксе Берлин.
На списокот има и две резерви – голманот Гутесен и бекот Селвинди. Сите повикани ракометари играат во странство, односно нема ниту еден од шампинатот на Фарски Острови.
Ларсен смета на двајца голмани, три пивоти, три крила и осум бека за двомечот со Македонија. Сите настапуваат во Данска, Шведска, Норвешка и Германија.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови се игра во Торшавн на 8 мај, додека реваншот е во Скопје на 12 мај.