Левото крило на Констанца, Валентино Ровниќ, во иднина ќе настапува за романската репрезентација.
Искусниот ракометар, кој со „коцкестите“ го освои среброто на Европското првенство 2020, последните години не добиваше голема шанса да ги покаже квалитетите на репрезентативно ниво.
Левото крило за хрватскиот портал „24 Сата“ ја коментираше одлуката за промена на националниот дрес.
,,Да ме повикаше Хрватска за Олимписките игри, никогаш не би размислувал да играм за Романија. Овде во Романија се изненадени, прашуваат како може да нема место за мене во репрезентацијата, но ако нема место за Штрлек, тогаш немам на што да се надевам ниту јас”, изјави Ровниќ.
За Романија како натурализирани ракометари играат Хрватот Анте Кудуз, Иранецот Сеид Хаидерирад, како и Шпанецот Хавиер Хумет.