Влатко Митков ја игра последната сезона во кариерата!

|
15:22

Покрај Владимир Темелков, на крајот на оваа сезона во играчка пензија ќе замине и уште еден од играчите за кој се врзани најголемите успеси во машкиот репрезентативен ракомет.

Тоа е десниот бек Влатко Митков, кој на почетокот на оваа сезона се врати на ракометните терени по тешката повреда лани, но во моментов ја има улогата на тренер на австрискиот Холабрун.

Доколку има потреба во финишот на сезоната, тој одново ќе се појави на теренот, но од лето ќе се концентрира само на тренерската работа. Дали ќе биде тоа во тимот на Холабрун, или во некој друг тим, останува да видиме.

Митков е поранешен македонски репрезентативец кој настапи на СП 2009, ЕП 2012, ЕП 2014, ЕП 2016 и СП 2017 за нашата селекција. На 91 натпревар за националниот тим има постигнато 78 погодоци.

Тој потекнува од Штип, во Македонија ги носеше уште дресовите на Повардарие и Пелистер, каде што ја стекна афирмацијата. Со битолскиот клуб играше финале во тогашниот Челинџ Куп.

Во 2003 година замина во странство и полни 21 година гради кариера во Германија и Австрија. Во Германија играше за Вилштат, Хам, Вецлар и Балинген, пред во 2011 година да замине во Барнбах. Потоа играше и за Кремс, Брегенц, а од 2020 е член на Холабрун, кој лани успеа да влезе во елитната конкуренција во Австрија.

Менезес од Ѓорче Петров ќе игра за Бразил на првенството на Јужна и Средна Америка

Автор: Душко Андов
| 22 ноември 2024
15:31

Кружниот напаѓач на македонскиот првак Ѓорче Петров, Милена Менезес, доби повик од селекторот на Бразил, Кристијано Роча, за настап на првенството на Средна и Јужна Америка.

Менезес, заедно со Морена од романската Глорија Бистрица и Аруиниан од шпанскиот Ваљадолид, ќе го сочинуваат триото на пивотменската позиција.

Селекторот Роча смета и на Де Паула од унгарскиот Ѓер, Морески од ЧСМ Букурешт, Аруда од Глорија Бистрица…

Бразил е прв фаворит за освојување на титулата во шампионатот на Средна и Јужна Америка, на кој ќе играат уште пет селекции.

Покрај Бразил, тука се Аргентина, Чиле, Ел Салвадор, Уругвај и Парагвај, а ќе се игра по системот секој со секого. Првите три места носат билет за Светското првенство во 2025 година во Германија и Холандија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CBHb (@cbhb1)

Браќата Илиевски со нов евро-предизвик

Автор: Душко Андов
| 21 ноември 2024
15:33

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите во третото коло од Европскиот Куп во машка конкуренција.

Браќата Методија и Михајло Илиевски добија ново делегирање од ЕХФ и ќе патуваат во Хрватска.

Тие ќе бидат арбитри на првиот натпревар меѓу хрватскиот Пореч и словенечката Крка Нова Место.

Овој натпревар се игра на 23 ноември во салата „Вели Јоже“ во Пореч со почеток во 18:00 часот.

📷 Далеку е Исланд, ама ВАРДАРЦИ има насекаде

Автор: Душко Андов
| 19 ноември 2024
23:27

Ракометарите на Вардар освоија бод на гостувањето кај исландскиот Валур, 34-34, откако Марко Срдановиќ го погоди пеналот по истекот на времето.

Ниту во далечниот Рејкјавик, македонскиот тим не беше сам и имаше поддршка од публиката во салата „Н1“.

Иако губеше и со четири гола во првиот дел, Вардар успеа да се врати во игра, во еден момент и поведе, но не успеа да слави на крај.

За „црвено-црниот“ тим, кој на Исланд настапи без Борозан, Лазаревски и Еспиња, останува уште домашниот меч против Мелсунген следниот вторник.

„Македонскиот“ Холабрун на максимум во Австрија

Автор: Душко Андов
| 21 ноември 2024
14:00

Тимот на Холабрун, каде што е тренер е Влатко Митков, а таму играат Филип Арсеновски и Хари Павлов, забележа нова победа во Втората лига на Австрија.

Холабрун славеше против Кремс 2 на гостински терен со 28-27, откако и на полувремето водеше со гол разлика, 15-14.

Голем придонес во победата имаа и десниот бек Павлов, кој даде шест гола, како и кружниот напаѓач Арсеновски кој стрелаше три пати.

Момците на Митков го завршија првиот круг без ниту еден загубен бод, а веќе в сабота ќе се соочат дома со Корнебург.

Холабрун е прв на табелата со 18 бодови и девет победи на девет меча, додека втор е Фиверс Маргаретен 2 со 14 бодови.

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Моравски го засилува Келце, Ристовска добива нов тренер, Шкуринскиј верен на Мешков

Автор: Душко Андов
| 20 ноември 2024
17:11
  • Шпанскиот стратег Карлос Вивер би можел да се врати на кормилото на Рапид Букурешт каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, пишува „handballmania“. Вивер би го заменил Давид Гинеста.
  • Рускиот лев бек Александар Шкуринскиј ја продолжи верноста кон белорускиот првак Мешков Брест за уште една сезона. Тој се врати во клубот каде што настапуваше пред францускиот Нант и одново стана лидер.
  • Полскиот репрезентативен голман Адам Моравски, кој во моментов настапува за германскиот Мелсунген, би можел да го засили тимот на Келце, пишува „ТВП Спорт“. Пред да замине во Германија, Моравски бранеше во Висла Плоцк.
  • Данската репрезентативна голманка Алтеа Рајнхарт нема да ја менува средината и ќе остане во тимот на Оденсе најмалку до 2028 година, откако потпиша нов договор на три сезони.
  • Средниот бек Лука Вицке, кој во моментов е дел од Лајпциг, е на мета на Фленсбург, кој во германскиот репрезентативец гледа замена за Јим Готфридсон, кој на лето се сели во ПИК Сегед.