Откако беа комплетирани квалификациските турнири, познати се сите 12 учесници на женскиот турнир на Олимписките игри во Париз.
Од групата 1, на ОИ одат Унгарија и Шведска. Унгарките го искористија домашниот терен и со три победи го освоија првото место, додека Шведска беше подобра од Јапонија во битката за второ место.
Од групата 2, во Париз се пласираа Шпанија и Холандија, додека од групата 3, на ОИ ќе одат Германија и Словенија, која во битката за второ место ја совлада Црна Гора.
Од претходно, покрај домаќинот Франција, на ОИ место преку континенталните шампионати обезбедија Кореја, Ангола, Данска, Норвешка и Бразил.
Ждрепката ќе се одржи утре во Париз, а ИХФ веќе ги подели селекциите во шешири.
Олимписки игри, жени, ждрепка:
шешир 1: Норвешка, Унгарија
шешир 2: Холандија, Германија
шешир 3: Словенија, Шпанија
шешир 4: Шведска, Франција
шешир 5: Данска, Бразил
шешир 6: Ангола, Кореја