Деспина парираше 45 минути, Чаир победнички си замина од Прилеп

Тимот на Чаир на гостувањето во Прилеп кај Деспина забележа убедлива победа со 35:22 во натпревар од 19. коло во Женската лига.

Гостинките до убедливиот триумф дојдоа со одличната игра во последниот период од натпреварот, бидејќи до 45 минута домаќинките беа тврд орев.

Деспина на позитивно изненадување на домашната публика одигра одлично во првиот дел, во кој им создаваше многу проблеми на гостинките.

На полувреме беше нерешено, 13:13, домашниот тим се држеше во игра до 45 минута, заостануваше на два до три гола, потоа гостинките започнаа постепено да се одлепуваат.

Стефанија Ѓеоргиевска беше прво име во победничката екипа со осум погодоци, додека кај домаќинките Сања Цветкоска имаше одличен натпревар со седум успешни реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080