Гевгелија не беше закана, Стружанка славеше со 20 гола разлика

Ракометарките на Стружанка лесно ја совладаа екипата на Гевгелија со 41-21 во натпревар од 19 коло во Женската лига.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кога домаќинките водеа со десет гола разлика, 20-10.

Во вториот дел избраничките на Жарко Ферукоски сами ја дуплираа предноста, па немаше никакви неизвесности.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Маркоска со осум, како и Далипоска, Затуроска и Лушеска со по седум гола.

Во составот на Гевгелија, шест погодоци постигна Шуклева, додека пет пати во листата на стрелци се запиша Динева.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080