Екипите на Спартак и Скопје одиграа возбудлив натпревар во 19. коло од Женската лига, а исходот, откако двете екипи промашија во последните две минути, беше нерешен, 32:32 (14:17).
Екипата на Скопје речиси во текот на целиот натпревар беше во предност, а домашниот тим направи камбек во последните десет минути, во кои само нијанси одлучуваа каков ќе биде епилогот од денешниот дуел.
По нерешените 30:30, двете екипи постигнаа уште по два погодоци, но во последните две минути не реализираа ниту еднаш. Голот за реми беше дело на членката на Скопје, Нина Неделковска, која беше незапирлива на теренот.
Неделковска зад своето име имаше дури14 реализации, додека во таборот на домашниот тим се истакна Ангела Гроздановска со осум погодоци.
Скопје во следното коло ќе ја пречека екипата на Деспина, а Спартак ќе гостува во Свети Николе кај Овче Поле СУ.