Ракометарките на Вардар запишаа нова победа, вкупно 14 во оваа сезона од Женската лига, откако славеа против Астибо од Штип со 51-25.
Сестрите Борјана и Бојана Коцеви блескаа на овој натпревар и постигнаа 20 гола заедно, додека на спротивната страна стандардно Марија Анчева беше најдобра со 16 погодоци.
Победникот на овој натпревар беше познат уште по првото полувреме кога вардарки направија залиха од 14 гола, 27-13.
Вториот дел беше шанса за сите ракометарки да добијат минутажа, а гостинските грешки беа казнувани со лесни и брзи погодоци за убедлива победа.
Сега Вардар има 43 и се зацрсти на петтото место, а до крајот на сезоната ќе има можност да се избори и за нешто повеќе. Во следното коло гостува кај Куманово.