Селекторот на женскиот национален тим Кристијан Грчевски во викенд – интервјуто со 24Ракомет открива дека во неговото семејство се навива за Вардар, а тоа е клубот во кој градел и фудбалска и ракометна кариера.
Грчевски осум години тренирал фудбал во Вардар, потоа бил дел од кошарската школа Јуниор пред да се одлучи за ракометот.
„Бев фудбалер во Вардар и осум години тренирав фудбал. Онаа угорнината на Кале, со пони велосипед ја искачував на пладне за да стигнам на тренинг (се смее) колку и да ми беше мака. Од тие осум години последните четири паралелно тренирав и кошарка и бев сериозно многу успешен. Имав доста награди. Играв плејмејкер во Јуниор – првата приватна школа на браќата Димитриевиќ. Одев на кампови, имав награди еден куп и потоа ме побараа во МЗТ Скопје. Кога отидов во МЗТ се распадна нивната школа во млади категории и некако се разочарав. Мајка ми тогаш ми рече ‘ајде да те однесам на ракомет’ и така почнав – во Вардар. Јас сум во душа вардарец и син ми исто е фудбалер – болни сме за Вардар! Тоа е нормално, скопски, градски бренд. Нема логика, замислете некој битолчанец да не навива за Пелистер, не е сфатливо, ќе треба да му се налутам (се смее). Играв крило, но на еден пријателски натпревар немавме голман, а јас бев во тренерки и тренерот ми вика: А, ти да застанеш да браниш? Имав добар натпревар и така станав голман. Останав во Вардар долги години, стигнав и до прв тим“, се потсети Грчевски.
Во продолжение прочитајте го целосното интервју…
ИНТЕРВЈУ КРИСТИЈАН ГРЧЕВСКИ: Дамите ми се предизвик, сакам да им се посветам!