МВП НА 7. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – СТЕФАН АТАНАСОВСКИ (КУМАНОВО)

Ракометарот на Куманово, Стефан Атанасовски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 7. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Кружниот напаѓач на натпреварот против дебитантот одигра одлично во двата правци и беше меѓу најзаслужните за освоената победа.

Атанасовски немаше голема конкуренција на гласањето, освои неверојатни 69% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Номинирани за МВП на 7. коло од плеј-оф и плеј-аут фазата беа уште Нејц Цехте, Бобан Ристевски, Христијан Митревски, Хансер Родригез, Мице Шилегов и Ласко Андоновски.