Откако репрезентацијата на Македонија успешно го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024, викендов продолжуваат натпреварите во Женската лига.
Во сабота ќе стартува новото, 19. коло во единственото женско сениорско натпреварување, а целото внимание во ова коло ќе биде насочено на дерби дуелот меѓу шампионот и вицепрвакот.
Ѓорче Петров, кој е на добар пат да ја одбрани титулата, во дуелот со Куманово ќе атакува на 18-ти сезонски триумф. Избраничките на Симе Симовски со победа против Куманово ќе бидат многу блиску до остварување на целта.
Ѓорчепетровки до крајот од сезоната, со исклучок на незгодниот Чаир, имаат ривали по мерка, па така саботниот дуел има големи значење за актуелниот бранител на титулата.
Екипата на Куманово доколку ги освои бодовите против Ѓорче Петров, тогаш трката за врвот на табелата ќе стане повозбудлива.
На останатите шест натпревари, од кои два се на програмата во недела, не би требало да има голема неизвесност.
Женска лига, распоред, 19. коло:
13/04, 13:00, Пелистер – Шампион
13/04, 16:30, Вардар – Астибо
13/04, 19:00, Ѓорче Петров – Куманово
13/04, 19:30, Спартак – Скопје
13/04, 20:00, Металург Автокоманда – Овче Поле СУ
14/04, 14:00, Стружанка – Гевгелија
14/04, 18:00, Деспина – Чаир