Тимот од Автокоманда им се врати на победите во плеј-офот, откако на свој терен го совлада Пролет со 28:23.
Составот на Александар Јовиќ беше рамноправен ривал до 22 минута, потоа домаќинот започна постепено да се одлепува.
„Сино-белите“ на полувреме имаа резултатска предност од 15:11, а во вторите 30 минути немаа поголеми проблеми да ја сочувааат предноста.
Најефикасен во победничката екипа беше Дамјан Митев со пет погодоци, по четири имаа Мартин Димовски и Бинго Арнауд.
Во тимот на Пролет се истакнаа Ласко Андоновски со девет и Александар Василевски со седум погодоци.