Утре започнува вториот круг од битката за опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу дебитантот и Голден Арт ќе започне вториот круг, односно 8. коло во плеј-аут фазата во суперлигашката конкуренција.

Голден Арт на утрешниот дуел ќе треба да ги освои бодовите за теоретски да ги задржи шансите за третото место на табелата. Како што е познато, третото место носи бараж за опстанок во елитата.

Доколку избраниците на Стојан Петрушевски загубат во Автокоманда, тогаш во следната натпреварувачка сезона ќе се преселат во прволигашката конкуренција.

Тимот на Мулти Есенс има реални шанси за опстанок, но на дуелот со „градежниците“ ќе треба да го даде максимумот за да дојде до посакуваниот триумф.

Прилеп ќе му гостува на Скопје и со оглед на квалитетот меѓу двете екипи, како и постигнатите резултати во тековната сезона, голем фаворит е составот на Божидар Мојсов.

Сепак, ракометарите на Прилеп ќе мора на теренот да ја оправдаат улогата на фаворит и победнички да си заминат од натпреварот со претпоследнопласираата екипа.

Интересен дуел би требало да има меѓу екипите на Вардар Неготино и Куманово, кои се борат за едно од првите две места на табелата.

Слободен во 8. коло е тимот на Еурофарм Пелистер 2, кој во досегашниот тек од плеј-аут фазата оствари пет победи и доживеа два порази.

Супер лига, плеј-аут, 8. коло, распоред:
10/04, 18:00, Мулти Есенс – Голден Арт
10/04, 18:30, Скопје – Прилеп
10/04, 18:30, Вардар Неготино – Куманово
Еурофарм Пелистер 2 слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142