15-годишниот Тренески блескаше на голот – Астраион падна во Кичево!

Ракометарите на Кичево во натпревар од 6. коло од прволигашкиот плеј-аут славеа на свој терен против Астраион со 39:33.

Домаќините до победата дојдоа со одличната игра во вториот дел, откако гостите од Струмица на полувреме водеа со еден гол разлика, 19:18.

Најефикасни во победничката екипа беа Дарко Јаневски со десет и Стефан Стефаноски со осум погодоци.

Солидна партија на голот на домаќините имаше 15-годишниот Јован Тренески, кој беше меѓу најзаслужните за освоената победа.

Кај гостите незапирлив беше Гоце Аргиров со десет погодоци, кои беа недоволни за поволен резултат на тимот струмичкиот тим.