Екипата на Ваљадолид во натпревар од 24. коло од Асобал лигата оствари важна победа над Бенидорм со 29:28 (15:16).
Еден од предводниците на победничката екипа беше екс ракометарот на Металург и Вардар, Димитар Димитриоски
26-годишниот ракометар во мрежата на домашната екипа постигна успеа да постигне четири погодоци.
Ваљадолид со новите освоени бодови остана во игра за пласман меѓу најдобрите пет екипи во Шпанија.
Тимот предводен од Давид Писонеро со 23 бодови е позициониран на 7. позиција во Асобал лигата.
Следен предизвик за Ваљадолид ќе биде натпреварот со екипата на Нава, која моментално се наоѓа на петтото место.