Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен објави дека ова лето ќе ја заврши богатата кариера.
Неговиот поранешен клупски колега Никола Карабатиќ, кој исто така по завршувањето на оваа сезона ќе замине во пензија, кратко коментираше на неговото повлекување.
,,Ќе ни недостасуваш, легендо“, напиша Карабатиќ под фотографијата на профилот на Хансен на социјалните мрежи.
Хансен и Карбатиќ заедно играа во францускиот шампион ПСЖ. Во овој клуб Хансен играше од сезона 2013/14, па до 2021/22, но не успеа со „светците“ да дојде до титула во ЛШ.
Лазаров: Уживав играјќи против Хансен и гледајќи го како игра ракомет