Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи со Азербејџан во рамките од претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство 2024.
Македонија на дуелот во Баку е голем фаворит и се очекува избраничките на Кристијан Грчевски да дојдат до третата победа во квалификацискиот циклус.
Селекторот го одреди составот за денешниот натпревар, а меѓу ракометарките што ќе настапат е и Сара Стефаноска, која ќе дебитира за сениорките. Надвор од комбинација останаа Ема Кирова, Емилијана Ризоска, Марија Јанкуловска и Катерина Дамјаноска. Домаќинот во составот ќе има 15 ракометарки.
Со двете победи, гостинската против Литванија и домашната против Азербејџан, македонската репрезентација практично е пласирана на континенталниот собир.
Денешниот дуел меѓу репрезентациите на Азербејџан и Македонија ќе се одигра со почеток од 15:00 часот.