Тимот на Ферлах, каде што игра македонскиот интернационален Хари Павлов, обезбеди место во плеј-офот во австрискиот шампионат.
Во 20 коло од регуларниот дел, Ферлах славеше на домашен терен против составот на Барнбах со 31-23.
Македонскиот десен бек Павлов имаше четири погодоци и важна улога во триумфот што му донесе место на неговиот тим во ТОП 8.
Ферлах на две кола до крајот е осми со 19 бодови, нема шанси да биде престигнат од деветтиот тим, но може да се искачи место погоре пред Фиверс и Линц.