Екипите на Астраион и Овче Поле одиграа без победник, 30:30 (15:16) во натпревар од 5. коло од плеј-аут фазата во Првата лига.
Во текот на целиот натпревар двете екипи имаа свои моменти, но ниту една од нив не можеше да го направи потребниот чекор, односно да се одлепи на поголема разлика.
Клубот од Свети Николе беше пред освојување на бодовите, но Васе Наков со својот деветти гол ги постави конечните 30:30.
Освен Васе Наков, девет погодоци кај домаќините постигна и Дарко Катранџиев. Кај Овче Поле предводници беа Стојанче Ристов и Кристијан Коцевски со по седум погодоци.