Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот интернационалец Градимир Чаневски, се врати на победничките патеки во Израел.
Во натпреварот од 8 коло од разигрувањето за титулата, шампионот предводен од македонскиот голман славеше на гости кај Макаби Тел Авив со 36-25.
Чаневски бранеше во поголем дел од натпреварот и успеа да одбрани осум од 18 упатени удари на противниците, со успешност од 44%.
Макаби Ришон Ле Зион сега има 29 бодови на второто место на табелата зад лидерот Рамат Хашарон, кој има 33, а во следното коло ќе се сретне со Хапоел Ашдод на гости.