Ракометарките на Куманово во натпревар од 18. коло од Женската лига очекувано славеа убедливо против Астибо од Штип со 35:27.
За вицепрвакот денешниот триумф беше 15-та сезонска победа и со новите освоени бодови ја презеде втората позиција на табелата.
На денешниот дуел сѐ беше решено уште по првото полувреме, кое домаќинките го добија со осум гола разлика, 18:10.
Вториот дел беше повеќе формалност и шанса за гостинките да дојдат до помала негатива, но поради кратката клупа неизбежен беше убедливиот пораз за гостинскиот табор.
Победничката екипа беше предводена од Јана Ѓошевска со десет и Сара Цветановска со девет погодоци.
Кај Астибо стандардно прв стрелец беше искусната Марија Анчева, која во мрежата на домашниот тим постигна дури 11 погодоци.