Денеска со натпреварот меѓу Мулти Есенс и Скопје ќе започне новото, 6. коло во суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Најинтересно во новото коло се очекува да биде на дуелот меѓу екипите на Охрид и Вардар, како и на пресметките во Скопје.
Охриѓани, кои покажаа дека можат да се носат со секоја екипа, ќе се обидат со помош на публиката да ги освојат бодовите против „црвено-црните“.
Вардар по победата над вицепрвакот се врати во игра за титулата и на дуелот во Охрид ќе мора да ги освои бодовите за да остане меѓу најдобрите три екипи.
Во Скопје ќе има два дуели од плеј-офот, ќе играат Пролет и Тиквеш, односно Бутел Скопје и Алкалоид.
Интересно се очекува да биде во борбата за опстанок, каде што неколку екипи се во игра за првите две позици.
Супер лига, плеј-оф, 6. коло, распоред:
30/03, 18:00, Еурофарм Пелистер – Струга
30/03, 18:00, Пролет – Тиквеш
31/03, 18:00, Бутел – Алкалоид
31/03, 18:30, Охрид – Вардар
Супер лига, плеј-аут, 6. коло, распоред:
29/03, 20:00, Мулти Есенс – Скопје
30/03, 16:00, Голден Арт – Еурофарм Пелистер 2
30/03, 18:30, Прилеп – Вардар Неготино
Куманово слоб.