Според информациите на „Totcosta“ каталонскиот гигант Барселона планира големи промени по завршувањето на следната сезона.
Во еден од најдобрите клубови во Европа треба да пристигнат три големи имиња, кои не би биле првите засилувања во тимот на Антонио Карлос Ортега.
Станува збор за репрезентативецот на Франција, кружниот напаѓач Лудовик Фабрегас, потоа за Виктор Халгримсон, кој важи за еден од најдобрите млади голмани и за левото крило Даниел Фернандез.
Фабрегас моментално е член на унгарскиот шампион Веспрем, Халгримсон брани во Нант, додека Фернандез го носи дресот на Штутгарт.
Сите тројца ракометари би ѝ се придружиле на Барселона од летото, 2025 година, но сѐ уште не е познато на колку сезони би потпишале.