Актуелниот тренер на Барсеона, Антонио Ортега, најверојатно ќе биде замената за Дагур Сигурдсон на клупата на Јапонија.
Според пишувањата на „Esports RAC1“, Ортега би требало да ја води селекцијата на Јапонија, но само на Олимписките игри.
Договорот би бил краткорочен, а потоа раководството на јапонската федерација ќе бара трајно решение за клупата на „самураите“.
Ортега по заминувањето од клупата на Веспрем во 2015 година, ја предводеше Јапонија две години, па нема да му треба време за адаптација.
Јапонците со Сигурдсон на клупата имаа голем прогрес, освоија сребро на Азиското првенство во јануари годинава, а преку квалификациите обезбедија место на ОИ.