Коларовска: Не треба да дозволиме ниту еден кикс, целиме на победа и против Деспина

Ракометарките на Ѓорче Петров по пласманот на Ф4 турнирот од Купот на Македонија овој викенд им се враќаат на обврските во Женската лига.

Избраничките на Симе Симовски во натпревар од 18. коло пред својата публика ќе играат против Деспина од Прилеп.

Една од најдобрите ракометарки во редовите на Ѓорче Петров, Ана Марија Коларовска го најави саботниот дуел со прилепскиот тим, кој во претходното беше на чекор да направи сензација против вицепрвакот Куманово.

,,Се разбира дека нашите очекувања се позитивни за овој натпревар и одиме на победа, иако Деспина покажаа дека можат да пружат отпор, но се надевам дека нема да дозволиме незгодна игра од нивна страна. Опасноста на Деспина доаѓа од бековската линија, така што ќе мора да обрнеме повеќе внимание на бековите”, изјави Коларовска.

Натпреварот со Деспина за „лавиците“ ќе биде проверка на силите пред дерби дуелите со Куманово и Чаир во 19 и 20. коло. Доколку Ѓорче Петров ги добие овие дуели, тогаш ќе биде пред промоција за старо-нов шампион на Македонија.

,,Ние одиме чекор по чекор, во неколку ситуации се докажа дека фаворитите не се покажуваат во најдобро светло, не треба да дозволиме грешка на ниту еден натпревар. Целиме кон победи, но пред сѐ да ја покажеме нашата игра која ја знаеме и практикуваме. Куманово и Чаир, екипи кои навистина ги респектираме, ќе биде тешко против двете екипи, но сепак мислам дека на крајот ќе биде “слатко” и верувам во одбрана на титулата”, вели Коларовска.

Младата ракометарка одигра одлично во рамки од Европскиот Куп, во кој Ѓорче Петров стигна до четвртфиналето, односно сезоната на европска сцена ја заврши во ТОП 8.

,,Морам да нагласам дека пруживме голем отпор и се носевме со сите екипи кои ни беа противници во Европскиот Куп, иако конкуренцијата беше голема. Задоволна сум од постигнатиот резултат и пласманот меѓу најдобрите осум екипи, секојдневно работиме напорно и не застануваме тука, па се надевам дека следната година ќе се покажеме во уште подобро светло и ќе атакуваме во полуфинале. Целта ја остваривме за оваа сезона, отидовме чекор повеќе од минатата година”, заврши Коларовска.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Деспина ќе се одигра в сабота (30 април) со почеток од 18:30 часот во спортската сала „Христо Батанџиев“. Влезот за сите љубители е слободен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ22211064
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2210213