Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за претстојните натпревари од квалификациите за ЕП 2024.
Натпреварот меѓу Азербејџан и Македонија што ќе се одигра на 3 април од 15:00 часот во Баку ќе го судат Фабрични и Равицки од Полска, додека делегат е Беќири од Косово.
Последниот дуел во Скопје меѓу Македонија и Литванија што ќе се игра на 7 април во СЦ „Борис Трајковски“ им е доверен на Грците Харицос и Наскос, а делегат ќе биде Сивиркаја од Турција.
Женската селекција на Македонија е практично пласирана на ЕП, но за потврда ќе треба да победи во Баку.