ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Почнува големата борба за четвртфинале во ЛШ!

Денеска со натпреварот меѓу ГОГ и Келце ќе започнат осминафиналните пресметки во Лигата на шампионите.

На денешната програма ќе има два дуели, освен данскиот и полскиот тим, ќе играат уште Загреб и Монпелје.

Преостанатите две пресметки ќе бидат на програмата утре, а реванш дуелите од осминафиналето ќе се одиграта следниот викенд.

Од групната фаза директен пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на Барселона, Магдебург, Алборг и Кил.

Освен во Лигата на шампионите, денеска ќе се игра во неколку шампионати во Европа, а свој настап ќе имаат дел од македонските интернационалци.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:00 БУЗАУ – РАПИД (РОМАНИЈА)
17:00 КИЛКИС – ПАНЕЛИНИОС (ГРЦИЈА)
18:00 БЕКЕШЧАБА – ДЕБРЕЦЕН (УНГАРИЈА)
18:30 ХРАНИЦЕ – МАЛОМЕРИЦЕ (ЧЕШКА)
18:30 ПАОК – ПИЛИЈАС (ГРЦИЈА)
18:45 ГОГ – КЕЛЦЕ (ЛШ)
19:00 РАДОВИШ – МАКЕДОНИЈА ЃП (МАКЕДОНИЈА)
19:00 СТРАКОНИЦЕ – НОВЕ ВЕСЕЛИ (ЧЕШКА)
20:00 БРЕСТ БРЕТАЊ – ДИЖОН (ФРАНЦИЈА)
20:30 КОБЕРЖИЦЕ – ЉУБИН (ПОЛСКА)
20:45 ЗАГРЕБ – МОНПЕЛЈЕ (ЛШ)