Македонската интернационалка Зорица Десподовска одигра уште еден одличен натпревар во полскиот шампионат.
Нејзиниот актуелен тим Кобержице изненадувачки загуби дома со 29-27 од нејзиниот поранешен клуб Пјотрковија.
Сепак и покрај поразот на Кобержице, Десподовска беше најдобар стрелец на мечот со шест гола од седум обиди.
Кобержице останува на третото место на табелата во полскиот плеј-оф со 47 бодови и е на добар пат да избори место во Лигата на Европа.