Тимот на ПАОК од Солун на Александра Боризовска славеше на гости кај АЕК Атина на Драгана Петковска и Марија Николовска во македонскиот дуел во шампионатот на јужниот сосед.
ПАОК го доби лесно натпреварот so 36-20, откако победата ја најави уште по првото полувреме, кога водеше со 17-8.
Боризовска постигна три погодоци за победничкиот тим, а исто толку имаше и Николовска за домашниот тим на АЕК.
Има уште три кола до крајот на регуларниот дел на првенството, по што ќе се знаат двојките за плеј-офот и разигрувањето за титулата.